За нас

KUVIN

…е мала, семејна винарија основана од фамилијата Стевковски, сместена во околината на Скопско виногорје односно во атарот на Кучково. За да останеме верни на традицијата и историското наследство на регионот, нашата винарска визба своето име го доби според скопското село Кучково.
Произведуваме ограничено количество од овие врвни вина, произведени рачно на традиционален начин во Скопско виногорје. Лозјата лежат во Кучковскиот атар односно ридестиот дел, така што грозјето може да се насладува со природните концентрирани вкусови кои потекнуваат од добро сувата посна почва.
Овој регион дава услови за зреење на грозје во суви и топли лета и благи зими со просечно количество на врнежи. Уникатноста во вината кои ги создаваме ја пренесуваме од локалните и регионалните сорти. Сами ги произведуваме и ја негуваме префинетоста на нашите вина. Цели кон кои се стремиме во иднината се одржување на високото ниво на квалитет на нашето семејно вино.